Intervista e Rufi Osmanit për revistën “Kapital”


26.10.2012 – Kryetari i RDK-së, Rufi Osmani, në intervistën për revistën maqedonase “Kapital” me titull – MARRËVESHJE E RE!

Për maqedonasit unitaritet i garantuar, për shqiptarët status i popullit shtetformues – analizon se proceset të cilat rrjedhin në Kosovë dhe Bosnje e Hercegovinë munden shumë ta tronditin Maqedoninë, meqë problemi ndërmjet etnikumit maqedonas dhe shqiptar nuk është mbyllur me Marrëveshjen Kornizë të Ohrit.

Prandaj, Osmani propozon marrëveshje të re “paqësore”, në të cilin maqedonasit do të merrnin garanci kushtetuese se shqiptarët nuk do ta përdorin të drejtën e vetëvendosjes deri në shkëputje, si vërtetim se Maqedonia do të mbetet e tërë, kurse shqiptarët do të fitonin të drejta të reja.

Kryetari Osmani argumenton se pse opozita shqiptare në Maqedoni nuk arrin të veprojë e bashkuar përkundër frontit të përbashkët opozitar maqedonas dhe se pikërisht ky moment është përparësia konkurruese e partisë shqiptare në pushtet përkundër gabimeve të mëdha që shoqërojnë këtë parti në qeverinë aktuale të Gruevskit. Kryetari Osmani argumenton rritjen e përkrahjes për RDK nga elektorati shqiptar dhe qasjen vizionare të RDK-së në tejkalimin e problemeve të shumta në plan ndëretnik, ekonomik dhe integrues në interes të gjithë qytetarëve të vendit.

Kryetari Osmani kritikon politikat ekonomike të qeverisë aktuale që kanë kuptimin e rikthimit në kapitalizmin shtetëror nëpërmjet politikave buxhetore megalomane dhe joproduktive. Këto politika të shtetëzimit manifestohen nëpërmjet ndikimit qeveritar në alokimin e parave publike, diskriminimin financiar të bizneseve nëpërmjet moskthimit të parave nga TVSH dhe mospagesën e detyrimeve të qeverisë ndaj kompanive që kryejnë pune publike për qeverinë, kontrolleve selektivë dhe gjobave të pajustifikueshme që rrënojnë bizneset private të cilat në masë të konsiderueshme vuajnë nga likuiditeti vijues.  

Intervistën jua përcjellim në mënyrë integrale në gjuhën maqedonase:

Капитал: Зошто иако сте лидер на парламентарна политичка партија пропуштате јавно да изнесете став дури и за некои важни прашања што се наметнуваат во политичкиот живот на државата, и оставате главната дебата во албанскиот блок да се води меѓу ДУИ и ДПА?

Османи: Фактот што НДП има само двајца пратеници од кои едниот е хипер активен, а другата пасивна, се создава впечаток дека дебатата во Парламентот се одвива само меѓу пратениците на ДУИ и ДПА, но ако се анализираат стенограмите ќе се види дека пратеникот Изет Зеќири е многу попродуктивен не само во однос на пратениците од албанскиот блок, туку и во однос на сите пратеници. Претставувањето на ставовите се реализира поретко и на партиско ниво, но проследено со проблеми во континуитет. Вашата забелешката стои во однос на моето ретко појавување како претседател на НДП. Во сите медиуми каде што сум бил поканет на дебати, сум прифатил да учествувам, но морам да истакнам дека постои бојкот, особено од јавните медиуми – МТВ1 и МТВ 2, кои никогаш досега не најдоа за сходно да ме поканат на некоја дебата или да ги презентираат прес конференциите на НДП. За жал и кај приватните медиуми имаме слична состојба со одреден исклучок. Се обидовме ваквата ситуација да ја надминеме, но резултатите изостануваат. Нашето маргинализирање е дел од агенда поттикната од власта и од двете поголеми албански политички партии.

Капитал: Ѝ забележувате на ДУИ дека дава виза за политиките на Владата кои ги сметате за антиалбански. Што значи тоа антиалбански?

Османи: Во Македонија досега се донесени два устава – еден во 1991 година што не ја зеде предвид волјата на Албанците и како резултат на тоа Албанците го бојкотираа тој устав при донесувањето, а како последица од тоа во наредните десет години се наталожија незадоволства кои кулминираа со албанското востание од 2001 година. Ефектот од востанието беше промена на Уставот во смисла на компромисно решение предложено од меѓународната заедница. Но, и тој нов Устав нема механизми со кои ќе се спречи мајоризацијата, односно донесувањето на одлуки од победничката македонска партија кои албанската страна ги доживува како антиалбански. Бадентеровото правило важи само за дел од националните права, но не се однесува на одлуките за буџетот, инвестициите, економијата, вработувањето и др. Во сегашната Влада, ДУИ има бројки да го условува Груевски за да не води истата политика како во претходната влада, бидејќи сега ВМРО-ДПМНЕ без гласовите на ДУИ нема мнозинство во Парламентот. Но во досегашното владеење, позицијата на ДУИ е помаргинална во споредба со претходното. Лично сум убеден дека причината што ДУИ не успева да ја подобри својата позиција и позицијата на Албанците, е последица на многу криминални, коруптивни зделки и губењето на политичкиот и менаџерски кредибилитетот на голем број функционери на ДУИ, особено министри и пратеници, поради што се доведени во ваква маргинална позиција. Незамисливо е партија која е дел од власта, да изигрува позиција на опозиција за проекти кои се дел од инвестиционите активности и кои задираат во меѓуетничката сфера. Дел од постапките на челниците на ДУИ се незаконски, и соодветно на таквото однесување доаѓа одговорот на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ треба како дел од Владата да ги измени законите кои не дозволуваат на законски начин да се поклонат пред загинатите борци на ОНА, да ги менуваат имињата на училиштата и на други институции и законски да ги поставуваат спомениците на албанските херои . Во моментов, ДУИ со своите нелегални постапки, не ги почитува законите за кои самата гласаше, како што е Законот за употреба на знамињата. Во овој хаос тие договорено или не со ВМРО-ДПМНЕ, играат една игра која е трагикомична – народот не ја прифаќа, а со неа се нарушуваат меѓуетничките односи и Албанците продолжуваат да ја губат довербата во институциите на системот. ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, проблемите можат да ги надминат со ревидирање на политичката програма на Владата, или пак, ако не се во ситуација тоа да го направат, едноставно ДУИ нека истапи од Владата на Груевски и нека се создаде ново парламентарно мнозинство.

Капитал: Мислите ли дека проблемите кои се актуелни во албанската заедница како употребата на јазиците, знамето, химната, се предимензионирани за сметка на она што реално им е потребно на Албанците како и на сите други граѓани – социјална сигурност и подобар стандард?

Османи: Најголемата дискриминација на Албанците во Македонија е економска и буџетска. Ако се анализираат капиталните инвестиции ќе се сфати дека не само Албанците туку и сите други граѓани освен тие кои живеат во Скопје се целосно маргинализирани и дискриминирани. Во Скопје се трошат над 90% од капиталните инвестиции, што е недопустливо од аспект на еквивалентен регионален развој. Затоа се иселуваат граѓаните од источниот дел на Македонија и одат во Скопје, а од западниот дел се вселуваат во Тетово или во Скопје. Кога би имале рационална Влада, министрите би седнале и би нашле решение за сите проблематични прашања. За мене е неприфатливо тие кои беа команданти на војната од 2001 – Али Ахмети и Никола Груевски кој беше дел од тогашната Влада како министер за финансии, да бидат партнери во Владата, додека жртвите од двете страни, и Албанци и Македонци да немаат адекватен третман. Се работи за суетата на Никола Груевски и јас му препорачувам да се послужи со примерот на диктаторот Франко во Шпанија – тој откако ја доби војната направи заеднички мавзолеј во кој ги погреба триесетте илјади жртви и од неговите подржувачи и неговите противници. Тоа е конкретен пример на помирување. Мислам дека сега и кај Македонците, особено кај интелектуалната елита, е созреана свеста дека има потреба од еден мировен договор меѓу Албанците и Македонците, со кој Албанците би ја чувствувале државата и како своја, не само во смисла на права туку и на одговорности, а Македонците би ги третирале Албанците како автохтон елемент, не како дојденци кои имаат некое друго сценарио. Така ќе се отстранат можностите за креирање меѓуетнички тензии и сите ќе може да се посветиме на економијата , стандардот за живеење, подобрата перспектива за младите генерации.

Капитал: Сметате дека Македонија не може да опстои како држава ако Албанците не добијат статус на државотворен народ. Мислите дека од овој аспект во блиска перспектива може да се доведе во прашање опстанокот на Македонија?

Османи: Ризиците кои постојат за Македонија од 1991 се актуелни и денес. Штом сѐ уште разговараме на теми кои беа актуелни во 1991, 1997 и 2011 година се поставува прашањето која е вистинската содржина на Охридскиот рамковен договор? Со договорот се направи еден чекор напред за статусот на Албанците како национално малцинство, со тоа што им зголеми некои од правата, но Албанците сѐ уште уставно-правно не се во еквивалентна позиција со Македонците. Во регионот течат процеси – северно Косово, односно Србите таму ќе добијат некој специјален статус; Република Српска не се интегрира во БиХ, ова се невралгични точки кои ако се отворат и ако понудат алтернативни решенија, тие ќе ја отворат пандорината кутија која ќе ја опфати и Македонија. Со тоа што партијата која излезе од албанското востание од 2001 дефинитивно го губи кредибилитетот повикувајќи се на Охридскиот договор се поставува логичното прашање – која е алтернативата? Овој проблем би можел да се реши со еден нов, мировен уставен договор, во кој Албанците ќе станат втор конститутивен народ во Македонија додека Македонците би добиле уставна гаранција дека Албанците нема да го употребат правото на самоопределување до отцепување. Во ова насока анализирајте ја позицијата на Хрватите во Босна, Германците, Италијанците и Французите во Швајцарија или пак моделот на Белгија.

Капитал: Како ќе одиграте на следните избори?

Османи: Во позиција да одиме сами на избори, се најдовме не по наша волја. По барање на ДПА почнавме одредена соработка, но поради необјасниви причини од нивна страна соработката беше прекината, под изговор дека ние сме биле пречка за нивна соработка со СДСМ. Потоа покренавме иницијатива за таканаречен трет албански опозициски блок во кој би влегле НДП и партиите на Кастриот Хаџиреџа и Бардуљ Мамути. Имавме неколкумесечни преговори и на крај партијата на Хаџиреџа излезе со став дека тие се позаинтересирани да се приклонат кон една од поголемите албански партии отколку да соработуваат со нас, со нивно отстапување третиот опозиционен блок беше невозможно да се реализира. Како последица на горното, во првиот изборен круг ќе одиме самостојно, а оставаме простор во вториот круг, во зависност од нашите резултати, да направиме одредени коалиции или договори за реципрочна поддршка со партиите од опозиција. Во Гостивар имаме добра соработка со Демократската партија на Турците и таму со нив ќе одиме уште во првиот изборен круг, за да ги добиеме изборите уште во оваа фаза. Процесите што се одвиваат на национално ниво одат во прилог на НДП и мислам дека на наредните локални избори ќе ги зголемиме нашите гласови за најмалку 50%, меѓу другото и затоа што некои други помали партии веќе исчезнаа, а нивните гласачи ќе се одлучат за вистинска опозициска партија.

Капитал: Каква е вашата проценка за резултатот од следните избори?

Османи: Фактот што албанската опозиција не може да дејствува заеднички ѝ дава предност на ДУИ, иако сондажите покажуваат дека албанските опозициони партии заедно имаат 30% повисок рејтинг од ДУИ. Во македонскиот блок сите анкети покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да има повисок рејтинг од СДСМ. Овие мерења треба да се земаат со резерва. Но како и да е, тука е клучно големото влијание на ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите, бидејќи нема никаква логика да имаш лоши економски резултати, а рејтингот да ти останува висок. Но, ако успеат комбинациите на здружената опозиција кај македонскиот блок, мислам дека овој блок ќе биде рамноправен противник на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, а зошто да не и на евентуалните парламентарни. Опозицијата го има проблемот со неадекватното присуство на медиумите, но за тоа никако да најдеме лек. Нема независни медиуми – има јавни и приватни – јавните се под контрола на власта, а приватните на луѓе блиски до власта.

Капитал: Што го кочи развојот на бизнисот во Македонија?

Османи: Бизнисот го кочи непродуктивната економска политика на актуелната власт. Непродуктивното трошење на јавните пари како за проектот Скопје 2014. Невраќањето на даноците, особено на данокот на додадена вредност. Неплаќањето на обврските на државата кон бизнисмените. Манипулациите со јавните тендери и фаворизирањето на дел од компаниите што се директно поврзани со Владата, со што се руши лојалната конкуренција во бизнисот. Проблем е и огромната политизација на јавната администрација која на секој чекор му прави проблем на бизнисот со корумпираниот начин на добивање на различни дозволи, преку коруптивните контроли од Министерството за финансии, пазарната или санитарната инспекција. Затоа доминира мнението дека во бизнисот може да успееш само ако си дел од власта. Ако си дел од независниот бизнис ќе се соочиш со разни шиканирања, контроли и уцени. Нема ништо од мотото на бизнисот – фер конкуренција и изедначени можности. Разочаран сум од голем број министри кои се економисти во Владата зашто водат крајно неекономски политики во однос на бизнисот.

Капитал: Како го толкувате нагонот кај граѓаните првенствено да бараат работа под државна капа, во администрацијата, и покрај агресивната кампања на Владата „Осмели се“?  

Османи: Одговорот е едноставен – приватниот бизнис пропаѓа поради сѐ што наброив. Банките и покрај фактот што имаат превисока ликвидност не се уверени дека ако ги пласираат тие пари во бизнисот таму ќе има профитабилни проекти што ќе го вратат вложеното. Од друга страна малите и средните претпријатија не ги почитуваат правата на работниците. Затоа, условно кажано, новите интелектуалци преферираат поради елементот на сигурност да се вработат во јавниот сектор, отколку да бидат експлоатирани во некои приватни бизниси каде што не се знае кое е работното време, не се почитува доследно правото на годишен одмор, или правото на одредени заслужени надоместоци. Во ваква ситуација кога државата е најголем претприемач во земјата преку менаџирање на буџет од скоро три милијарди евра, луѓето преферираат да се дел од јавниот сектор или да се вработат во приватни компании кои имаат контрактуални односи со државата. Тоа е спротивно на логиката на економијата на пазарот и на препораките на Европската комисија во смисла на развој на конкуренцијата, пазарот и напредок на приватниот бизнис како главна алатка за развој на економијата.

Капитал: Пред неколку месеци предложивте формирање на техничка влада – со или без Груевски, со мандат да понуди излез од ќорсокакот на евроатланските интеграции. Мислите ли дека СДСМ би имала повеќе храброст од ВМРО-ДПМНЕ да направи компромис со името?

Османи: Не сум видел досега аргумент дека СДСМ има капацитет и е спремна да ја понесе одговорноста од позиција политички губитник да прифати да го реши проблемот со името. Нашата теза е дека на земјата и е потребна техничка влада со или без ВМРО-ДПМНЕ со единствена цел да се дојде до консензус кој прво би бил македонски, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а кој би го поддржале и албанските партии со еден исклучок – тој компромис за името да не биде Славо-Македонија. Во случај на ваков национален, граѓански консензус, би можеле да влеземе во сериозни преговори со Грција. Но, како течат работите не сум убеден дека СДСМ има капацитет да ја преземе одговорноста во која би направила парламентарно мнозинство без ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се плаши од ризиците со кои би се соочила. Сега кога Европската унија има проблеми поради предизвиците со кои се соочува, кога Грција е пред банкротирање и во опасност да излезе од ЕУ, мислам дека спласнува ентузијазмот за интеграцијата во ЕУ како приоритет, додека созрева мнението дека и покрај тоа што Македонија не е дел од НАТО, а од сите страни е опкружена со соседи кои се дел од Алијансата, не постои ризик дека би била безбедносно загрозена. Независно од ова мнение проблемот со Грција мора да се реши и апелирам до тие што раководат со земјата, особено до лидерите на двете најголеми партии во македонскиот блок, да го прескокнат „Виножито“ и да дојдат до компромисот кој ќе отвори перспектива за сите нас.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *